ОСМАНИ СЕ ОБРАТИ НА ЈАДРАНСКИОТ ФОРУМ ЗА КОНЕКТИВНОСТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА ПОВРЗАНОСТА ВО ЈУЖНАТА ЈАДРАНСКА ЗОНА“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во видео формат учествуваше на Јадранскиот Форум за инфраструктурно меѓуповрзување при што имаше воведно обраќање на Панелот на тема „Јадранско-јонскиот коридор и Ориентот – Источно/медитеранска мрежа (Коридор 8) во рамките на процес на ревизија на Траневропските транспортни коридори“.

loading...

-Поврзувањето и градењето на инфраструктура за непречен транспорт, енергија и дигитална инфраструктура во нашиот регион би значело огромна придобивка за поврзување на луѓето и економиите внатре во самиот регион, но и нивно поврзување со земјите од ЕУ. Зголемување на поврзаноста претставува најдобар рецепт за развој преку подобрување на конкурентноста, создавање на работни места и привлекување на инвестиции, истакна Османи.

Како што соопшти МНР, Османи ја претстави и „Иницијатива 8“ која претставува политичка платформа за интензивирање и продлабочување на соработката која е од стратешки интерес за трите земји кои се вклучени, односно Македонија, Албанија и Бугарија.

-Патната и железничката инфраструктура на Коридорот 8, помеѓу Македонија, Бугарија и Албанија претставува многу важен проект кој е од интерес, не само на овие три земји од Балканскиот полуостров, туку и за целиот Европски континент, рече Османи.



loading...

Главната цел на Форумот беше ставање на фокус на транспортната поврзаност и евентуалните можности кои би произлегле од натамошниот развој и интеракција помеѓу Агендата за меѓуповрзување и Јонската макро-регионална зона; пресек на западно-јужната рута на Јадранско-Јонскиот коридор со источно-западната рута од Црното море до италијанските јадрански региони, како и подобрување на условите за непречен транспорт на добра и луѓе од истокот кон срцето на Европа и обратно.