| |

БОРИСОВ: МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИ ДАТУМ ЗАРАДИ АНТИ-ЕУ ОПОЗИЦИЈАТА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера образложи зошто францускиот претседател Емануел Макрон бил во право. Според лекцијата што ја научил Борисов, ако ориентацијата на една држава кон ЕУ зависи само од едно лице (партија), тогаш таа држава не е подготвена за тој пат.

„Јас излегов и реков – колеги, да им дадеме уште една шанса. Тешко ми е, знам колку напори вложивме. Што се вели, и името си го сменија. Да им дадеме перспектива. Сите се погледнаа, а Туск и официјално го предложи тоа што го кажав, и сите се согласија“, откри Борисов во интервју за емисијата „Лице в лице“ на Бугарската телевизија (БТВ).

Но, запрашан за ставот на францускиот претседател, Борисов образложи дека Макрон е во право.

„Им дадов на колегите во Советот еден пример. Пред многу години, кога Борис Тадиќ беше претседател на Србија, сите ние многу сакавме Србија да започне преговори со ЕУ. Тогаш Саркози беше претседател на Франција. Саркози се сврте кон мене, и ми рече: ‘Бојко, ако во една држава нејзината ориентација зависи само од еден човек, тогаш таа држава не е за во ЕУ’. Јас тоа многу добро го запомнив и го цитирав таму“, изјави Борисов.



Слични Објави