ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ НА ФОРУМ СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ: УЧЕСТВУВАЈТЕ, ПРИКЛУЧИТЕ СЕ ВО ОВИЕ ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ, ПОВТОРНО, ЗАЕДНО ДА ЈА ОБЕЗБЕДИМЕ ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

//

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, имаа обраќања на тематскиот форум: „Една година влада – осврт на граѓанските организации кон досегашните постигнувања и идни очекувања“, што се одржа вчеравечер, заедно со претставници на Цивика мобилитас во којашто членуваат околу двесте грантисти, како и пред претставници на донаторите на проектот, Швајцарската агенција за развој и соработка на Шведскиот институт за јавна администрација.

-Вие активно учествувате во реформските промени со коишто ја поставивме и ја движиме Република Македонија стабилно на патот на Европската унија на НАТО.
Вашето теренско (грас-рут) искуство, долгогодишната работа, анализите за клучни состојби во државата и од директен интерес за граѓаните на Република Македонија, помогнаа кога го создадовме реформскиот План 3-6-9.

А, еве и овде ќе се обврзам, иако соработката со голем дел од вас e интензивна, дека граѓанскиот сектор останува активен дел и од практикувањето на политиките на Владата, и од носењето промени на сите нивоа, рече премиерот Заев.



Тој оцени дека во општеството веќе е постигната свест, дека невладиниот сектор и граѓанските организации се една од најважните алки меѓу граѓаните и системот. „Власта никако не би смеела да се подразбира како моќ, туку како дадена доверба од граѓаните и должност кон граѓаните“ додаде премиерот Заев и посочи на направеното развластување кон граѓаните и кон општините.
-Да, Владата е политичка како што предвидува нашиот политички систем, но фокусот мора да биде кон граѓанските интереси.

Затоа, ги вклучивме мерките од „Документот на граѓанските организации за итни демократски реформи“, познат како „Блупринт“, низ серијата консултации со претставници од граѓанскиот сектор.

Претходна статија

СДСМ: КОСТАДИНОВ- ЗА ТРИ МЕСЕЦИ 235 МИЛИОНИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ЗА ЦЕЛА 2017 ГОДИНА

Следна статија

ВЕЧЕР НА РАСКАЖУВАЊЕ КВИР ПРИКАЗНИ ВО КИНО КУЛТУРА

Најново од Вести