Бугарија ќе го поддржи санкцискиот пакет по прифаќањето на нејзините забелешки
Бугарија е подготвена да го поддржи предложениот санкциски пакет, откако рускиот патријарх Кирил и Вагит Алекперов беа отстранети од списокот, изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова во Брисел, јавува БГНЕС.
„Нашата позиција беше земена предвид, па можеме да го поддржиме пакетот. Заштитата на националната позиција не води до изолација“, рече Петрова.
Таа посочи дека Грција сè уште има резерви во енергетскиот сектор, а Австрија во финансискиот дел од пакетот.
На 15 јули Петрова ќе го посети Киев, каде разговорите ќе бидат насочени кон енергетиката. Според неа, Бугарија разгледува можности за дополнителен пренос на гас што би ѝ помогнал на Украина во текот на следната зима, а истовремено би имал позитивен ефект и за Бугарија.
