Бала на средба со бугарскиот филантроп Милен Врабевски: Поттикнување на младински проекти
Претседателот на пратеничката група на ПС од Албанија, Таулант Бала, денес одржа средба со бугарскиот филантроп и основач на Фондацијата „Бугарска памет“, Милен Врабевски, пренесува zoom.mk.
Преку објава на социјалните мрежи,Таулант Бала соопшти дека за време на средбата била оценета важноста на културните, образовните и младинските иницијативи во зајакнувањето на регионалната соработка и градењето мостови на разбирање меѓу земјите од Балканот.
Бала го опиша Милен Врабевски како филантроп и основач на Фондацијата „Бугарска памет“, личност позната по својата ангажираност во поддршка на младите, културата и регионалната соработка.
„Ја оценивме улогата што ја имаат културните, образовните и младинските иницијативи во градењето мостови на разбирање и соработка во нашиот регион“, напиша Бала.
За време на средбата била истакната и важноста од поттикнување на културниот дијалог и поддршката на проекти насочени кон европската интеграција и зближувањето на младите во регионот.

