| |

Бугарија се прости од космонаутот Александар Александров

Претседателката Илијана Јотова, воени претставници, дипломати и блиски му оддадоа последна почит на вториот бугарски космонаут, генерал-мајор во пензија Александар Александров, кој почина на 10 јули, јавува БТА.

На комеморацијата во Централниот воен клуб во Софија присуствуваа министерот за одбрана Димитар Стојанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, командантот на Военото воздухопловство Николај Русев и руската амбасадорка Елеонора Митрофанова.

„Бугарија се разделува со еден од своите современи херои, достоен офицер и човек кој го посвети животот на својата татковина и на вселенската наука“, изјави Јотова.

Александров е роден во 1951 година, а од 7 до 17 јуни 1988 година летал со советскиот вселенски брод „Сојуз ТМ-5“ до орбиталната станица „Мир“. За време на мисијата учествувал во повеќе од 50 научни експерименти во рамките на бугарската програма „Шипка“.

Слични Објави