МИЦКОСКИ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ДРУГ КАНДИДАТ ЗА ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР НА МВР
Професионалец, маж и не е партиски член се карактеристиките на новиот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски, но името ќе стане познато попладне откако ќе завршат и последните консултации со премиерот Зоран Заев и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На прес-конференцијата во седиштето на партијата Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека не очекува да се проблематизира овој новиот предлог, но не очекувал ни првиот пат, па како што рече, „Заев, Спасовски, Шекеринска, може и сега да најдат некоја точка, запирка, но се надева дека разумот ќе преовладее кај нив”.
Отфрлањето на првиот кандидат Драган Ковачки за МВР, Мицкоски го објасни со страв од избори на Заев и Спасовски.