|

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден (15.09.) на подрачјата под нивна надлежност реализираа превентивни активности од повеќе области.

Притоа, во рамки на СВР Битола, поточно ОВР Македонски Брод, полициски службеници за превенција вчерашниот ден го посветија на активности од областа на безбедноста во сообраќајот, пред се наменети за децата од основните училишта, а дополнително беше спроведена и активност од кампањата „Безбедна заедница-мирна заедница“. Покрај ова, вчера речиси во сите организациони единици при СВР Битола продолжија активностите што во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција се спроведуваат со цел превенција од шумски пожари и заштита на шумскиот фонд.

На подрачјето, пак на СВР Штип полициските службеници за превенција на локации околу градскиот пазар во Штип, исто така како дел од кампањата насочена кон поголема безбедност и сигурност на граѓаните, пред се од имотни деликти, реализираа средби и разговори со граѓаните околу начините за препознавање и за заштита од имотни деликти и нивно превенирање во тесна соработка со полицијата.

И Секторот за внатрешни работи Велес вчера во Кавадарци се насочи кон превентивни активности од областа на сообраќајот, пред се во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на возачите, како и почитување на нормите и стандардите за квалитетен и безбеден ученички превоз.

Слични Објави