ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски амнестија за перење пари и епски кражби, се несериозни дела
Изјавата на Ковачевски дека измените во кривичниот законик, се однесуваат за дела кои не се сериозни, е крајно потценувачка кон народот и срамен обид за релативизирање на криминалите, кои секојдневно ги прави оваа власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Повеќе е од јасно дека со овие срамни измени на кривичниот закон, се цели на амнестија на функционерите од ДУИ и СДС, за сторените кражби од буџетот на граѓаните, но и признание, дека власта се спрема за тежок пораз на следните избори и одење во длабока опозиција, велат од партијата.
Ниедна амнестија нема да ги спаси криминалците од ДУИ и СДС, за тешките кражби, кои ги сторија и секое релативизирање на истите нема да им помине, се вели во партиското соопштение.