ПРИВЕДЕНИ 11 КРИМИНАЛЦИ ВО МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА ВО КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И СЕКТОРОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ

/

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, во соработка со Европол и Еуроџаст учествуваше во меѓународна истрага, предводена од полициските служби во Германија, а со координирани активности помеѓу полициски служби од Германија, Бугарија, Израел, Летонија, Полска, Шпанија и Шведска.

Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се повразни со вршење на измами во вкупна вредност од 30 милиони евра со злоупотреба на онлајн-трејдинг платформи, криптовалути и перење пари, привлекувајќи ги жртвите преку реклами на социјалните медиуми. Шемата за измама, била организирана главно од израелски државјани, вклучувала центри за повици од Бугарија и Република Северна Македонија, а осомничените ги переле нелегалните профити преку банкарски сметки контролирани од компании со седиште во различни земји на ЕУ.

Во текот на истрагата од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика беа преземени мерки и активности со цел идентификација на лица од Македонија, кои се дел од криминалните активности и обезбедување на докази.

Во рамки на истрагата лишени од слобода се 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени се претреси во Бугарија, Израел, Полска, Македонија и Шведска и запленети се бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.



Во координација со Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, како дел од меѓународната координирана активност на 11 мај во 6 часот изврши претрес, по добиена судска наредба, во дом и деловни простории на А.А.(34) од с.Чегране, Гостиварско, при што биле одземени предмети кои се поврзани со вршењето на криминалните активности, а лицето е обезбедено.

Исто така, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, со судски наредби, извршени се претреси на деловни простории на правни лица во Скопје, при што било констатирано дека адресите кои се пријавени во Централен регистар на Македонија се лажни и не постојат.

Претходна статија

16 ПОЧИНАТИ И 150 ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

Следна статија

СЕ ЈАВИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ: КРИМИНАЛЕЦОТ ЗОРАН ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА СО ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување