| |

Желјазков за Денот на Независноста: Да го чуваме постигнатото, да градиме нови успеси и да гледаме напред со самодоверба и национално достоинство

„Независноста не е подарок, туку плод на упорност и волја, кој сме должни да го браниме секој ден. Со неа градиме посилна и модерна држава – ги прошируваме енергетските врски, ја зајакнуваме националната безбедност, градиме автопати и железнички линии, привлекуваме стратешки инвестиции и развиваме високи технологии“, изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков по повод 22 септември- Денот на Независноста, јавува БГНЕС.

Желјазков нагласи дека суверенитетот се темели на стабилни институции и функционален правен систем. „Слободата има вистинска смисла кога нашиот хоризонт се идните генерации – за нив да обезбедиме обновени училишта, иновативни универзитети и квалитетно образование,“ рече тој.

Во честитката беше подвлечено и значењето на безбедноста и редот: „Независноста значи и да ги чуваме нашите граници, да гарантираме сигурност и мир, за земјата да биде уредена и спокојна.“

Премиерот потсети дека од 2026 година бугарскиот дух ќе оживее и во новите евромонети, на кои ќе бидат претставени Мадарскиот коњаник, Свети Иван Рилски и Паисиј Хилендарски – симболи кои ќе ја потсетуваат цела Европа на бугарската историја, духовност и достоинство.

„Независноста се чува со постојаност и единство. Кога делуваме заедно и ги решаваме проблемите со волја и одговорност, таа станува уште посилна. Да го чуваме постигнатото, да градиме нови успеси и да гледаме напред со самодоверба и национално достоинство. Честит празник!“, порача премиерот.



Слични Објави