МНР на Бугарија со честитка по повод Денот на независноста
Бугарското Министерство за надворешни работи упати честитка до бугарските граѓани по повод 117-та годишнина од прогласувањето на независноста на Бугарија. Во честитката од МНР наведуваат дека „независноста не е само историско достигнување, туку и одговорност што ја носиме пред иднината“.
„117 години независност на Бугарија! Денеска ја одбележуваме независноста не само како историско постигнување, туку и како одговорност што ја носиме пред иднината. Честит празник!“, се наведува во пораката на МНР на Бугарија.
