| |

Амбасадорката Малакова: По повеќе од 15 години во Даблин ќе се одржи велигденска литургија на бугарски јазик

По повеќе од 15 години, на 12 април во Даблин ќе се одржи велигденска литургија на бугарски јазик, предводена од митрополитот Антониј, соопшти амбасадорката на Бугарија во Ирска Вања Андреева-Малакова, јавува БТА.

Според неа, последната ваква служба била одржана во 2011 година, но не се развила во трајна практика поради недостаток на бугарска црковна заедница. „Додека тоа не се случи, предизвиците за одржување богослужби на бугарски јазик во Ирска ќе останат“, изјави Андреева-Малакова.

За литургијата веќе се пријавени над 200 лица, а настанот има за цел да ја обедини бугарската заедница. „Тоа ќе донесе многу позитивни емоции и ќе ги собере Бугарите на едно место за празникот на празниците“, додаде таа.

Амбасадорката нагласи дека поголемата цел е создавање услови за редовни богослужби и формирање црковна општина: „Овие напори ќе имаат вистинска смисла ако отворат пат кон нешто одржливо.“

Литургијата ќе се одржи во храм обезбеден со поддршка на архиепископот на Даблин Дермот Фарел, во кампусот на Универзитетот DCU.

Слични Објави