Бугарскиот премиер Ѓуров разговараше со државниот секретар на САД Рубио за теми во сферата на одбраната и на енергетиката
Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров разговораше со државниот секретар на САД Марко Рубио, при што американската страна изрази благодарност за поддршката на Бугарија во евакуацијата на американски граѓани и дипломати од Блискиот Исток, соопшти пресцентарот на бугарската Влада, пренесе БНР.
Рубио ја поздрави зголемената инвестиција на Бугарија во одбраната, вклучително и набавката на американска опрема, како и поддршката за енергетскиот проект Вертикален коридор, кој овозможува извоз на течен природен гас од САД и обезбедува алтернативен извор на енергија за Европа.
Ѓуров ја истакна важноста од непречено продолжување на работата на Лукојл Нефтохим Бургас, во согласност со важечкиот санкциски режим, со цел да се гарантира стабилноста на енергетскиот пазар.
Во делот на нуклеарната енергетика, двајцата соговорници се согласија за потребата од обезбедување испораки на нуклеарно гориво од алтернативни извори.
