Познатата бугарска пејачка Нина Николина и „Магичните гласове“ со успешни настапи во далечна Јапонија
Во периодот од 4 до 6 април 2026 година, во јапонските градови Сендај, Токио и Мито (префектура Ибараки) се одржаа концерти на Нина Николина и формацијата „Магичните гласови“, со специјално учество на гајдаџијата Тихомир Јорданов, јавува БНР.
Иницијативата беше реализирана со финансиска поддршка од Национален фонд „Култура“ и Министерство за туризам на Бугарија, во соработка со Амбасадата на Бугарија во Токио.
Публиката имаше можност да го проследи мултимедијалниот спектакл „Бугарија: иднина и традиција. Од традиционалната песна до џезот“, кој го прикажува развојот на бугарската култура – од народни песни и православни напеви до современи интерпретации.
Првиот концерт во Сендај се одржа пред околу 200 посетители, а истиот ден беше организиран и семинар посветен на фолклорната музика. Вториот концерт во Токио, одржан во амбасадата, собра околу 90 гости, меѓу кои претставници на јапонски институции, бизнис-заедницата и бугарската дијаспора.
Завршниот концерт во Мито, под мотото „Мост на пријателството Бугарија–Ибараки“, привлече околу 400 посетители, вклучително и политичари, локални власти и културни организации. Специјален акцент беше ставен на бугарската гајда, која на крајот на 2025 година беше впишана во списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

