| |

Бугарија и Европската комисија ќе организираат регионален самит за Средниот коридор

Бугарија и Европската комисија ќе организираат регионален самит посветен на Средниот коридор, проект за поврзување на Јужен Кавказ и Централна Азија со европскиот пазар, за кој Европската Унија планира да мобилизира до 12 милијарди евра јавни и приватни инвестиции, ова го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата, јавува БГНЕС.

Новиот меѓународен проект за поврзување треба да обезбеди директна врска меѓу Јужен Кавказ, Централна Азија и европскиот пазар. Инвестициите ќе бидат мобилизирани преку европската иницијатива „Глобален портал“ (Global Gateway).

Целта е до 2030 година да се диверзифицираат транспортните рути, трговските текови да се зголемат тројно, а времето потребно за транспорт на стоки значително да се намали.

За реализација на проектот, Европската Унија ќе го организира регионалниот самит заедно со бугарскиот премиер, изјави Фон дер Лајен.

Слични Објави