|

Муцунски во Брисел на средби за европската агенда на земјата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Брисел.

Од неговиот кабинет информираа дека во рамки на посетата се предвидени средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

Како што е најавено, на разговорите ќе бидат отворени теми поврзани со европската агенда на Северна Македонија, реформската агенда на земјата, како и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.

Слични Објави