Министерството за здравство тврди: Ковид центарот во Тетово е изграден по највисоки безбедносни стандарди

/

Тетовскиот ковид-центар, според известувањето од МЗ, е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорците се ниски во случај на евакуација

Сите 19 модуларни ковид-болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Модуларните ковид-центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово, се отворени после технички прием, соопшти Министерството за здравство.

„При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани. Ковид-центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорците се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита. При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците и сл. По овие барања, е постапено и тие се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска“, информираат од Министерството.



Ковид-центарот во Тетово, како што се истакнува, ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава

Следна статија

Пописот два дена во прекин!

Најново од Вести