Пратениците се вратија на работа по годишниот одмор
Годишниот одмор за пратениците официјално заврши, а работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со собраниските известувачи. На средбата, како што беше најавено, Гаши ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи.
Според собраниската веб-страна, освен брифингот со новинарите, за оваа недела нема најавени други активности.
На последниот брифинг со новинарите, Африм Гаши потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и нагласи дека, доколку е потребно, пратениците ќе бидат повикани повторно на седници.

