| |

Ташев пред БНР: Прикривањето на проблемите со РС Македонија, нема да ги придвижи нашите односи напред

„Не сум убеден дека со прикривање на проблемите ќе можеме да ги придвижиме напред нашите односи со Северна Македонија.

Ова мислење за БНР го искажа доц.д-р Спас Ташев од БАН.

Според него, потребен е добар дијалог меѓу владите на Бугарија и РСМ и секој контакт меѓу нив е добредојден.

„Мораме да се вооружиме со трпение и да ги браниме нашите национални интереси, како што се формулирани со одлуките на бугарската влада, парламентот и документот усвоен од Консултативниот совет за национална безбедност. Рамката е одамна поставена и доколку се почитува, нема да има проблем за Бугарија. „ појасни тој и нагласи дека има услови поставени од Софија кои Скопје мора да ги исполни, дури тогаш ќе може да се разговара за опција за повлекување на бугарското вето за почеток на преговори со ЕУ.

Според доц.Ташев, спомнувањето на правата на „македонското малцинство во Бугарија“ од страна на претседателот на РСМ Стево Пендаровски е провокација за која се разговарало во Скопје:

„Оваа провокација е лансирана како контрапункт и ја тестира чувствителноста на бугарската страна за да се види дали ќе подлегне на овој притисок и ќе почне да разговара на оваа тема. Ваквите сугестии добија достоен одговор од претседателот Румен Радев, кој рече дека човековите права во Бугарија се на индивидуална основа и за нив не се предвидени колективни права“.

Историчарот изрази очекување дека формирањето на работни групи ќе ги подобри односите меѓу двете земји.

Слични Објави