| |

ДЕЧИЊА ОД СТРУМИЦА И ЌУСТЕНДИЛ ПРЕКУ ИГРА ИЗРАБОТУВАА ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТИ

Четириесет дечиња со нивните родители и десет претставници на воспитно-образовниот персонал од детските градинки „Детска радост“ од Струмица и „Први јуни“ од Ќустендил, Република Бугарија, учествуваа на еднодневната работилница за изработка на еколошки проекти, јавува вестникот Вечер.

Дечињата и родителите преку игра ја реализираа темата „Креативни деца: Изработка на демонстративни еко-проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку моделирање и игри за деца“ и при тоа изработија 16 проекти.  Целта на работилницата е развој на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата од двете градинки. Проектот е финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија за периодот од 2014-2020 година.



Слични Објави