КАНЗУРОВ: АКО СЕ ДО КРАЈ ДОСЛЕДНИ ВО Т. Н. СДСМ НЕКА ГО ВРАТАТ ИМЕТО „МАРШАЛ ТИТО“ НА ГЛАВНИОТ СКОПСКИ ПЛОШТАД

//

Легитимно право е на секоја држава, на секој град и на секоја општина, самите да ги определуваат имињата на улиците на нивните територии.Но, оваа „култура на сеќавање“, моделирана преку именувањето на улиците, секогаш содржи повеќе од јасна порака за идеолошкиот и етнонационален код и светоглед на секоја власт и држава, како и за нејзината насоченост, внатре кон себеси, кон соседите и големите меѓународни сојузи, но и кон определени етноси на нејзината територија.

„Бившите“ југокомунисти, истовремено и југомакедонистички етноцентристи (од специфичен југословенски вид), националисти, та и национал-шовинисти од таканаречениот СДСМ, кои се донесувачи и спроведувачи на олигархиски модел на капитализам во Македонија, лишен од елементите на социјална правда, враќаат некои стари имиња на скопски улици: „Ленинова“ (што би кажал Владимир Илич Улјанов Ленин за нивната криминална приватизација на општествениот капитал?!), „Мексичка“ (немакедонски збор, земен од некаков си скопско-српски јазик или жаргон), „4 Јули“ (Ден на борецот-партизан во некогашна Југославија), со што не само на симболичко ниво одат да го бетонираат конфликтниот историски расказ од времето на македонската југословенска република, кој ја доведе потребата од потпишувањето на Рамковниот (2001) и Преспанскиот (2018) договор, како и на Договорот со Бугарија (2017).

Тука не се работи за самите имиња на улиците, ами за упорното, постојано настојување на владејачкиот таканаречен СДСМ, но и на доминантниот дел од општеството во Република Северна Македонија, на меѓународен план и особено во односите со соседите, да се обидуваат да ги наметнат оние делови од југословенското наследство, кои се длабоко конфликтни со историските факти и пред сѐ со актуелната геополитичка балканска, европска и светска реалност.

Ако се до крај доследни во т.н. СДСМ, нека го вратат името „Маршал Тито“ на главниот скопски плоштад и на централната улица, која е негово продолжение, а Велес нека го наречат повторно Титов Велес.



А, зошто им пречи Борис Сарафов, не треба да се објаснува. Според југокомунистичкиот историски наратив, тој е претставник на некакво надворешно, предавничко, бугарско влијание во ВМОРО, наспроти здравите македонски (разбрани во етничка смисла) елементи во македонското револуционерно движење. Наспроти ова создавање фикции и митови, во вистинскиот живот, и Сарафов и неговите истомисленици, исто како и нивните опоненти и душмани во ВМОРО, имале бугарско етничко самосознание.Како ќе заврши ова терање инает со реалноста, останува да видиме, макар и да не е тешко да се претпостави…

Fb статус на Виктор Канзуров

Претходна статија

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ПОВИКУВА НА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИМЕТО НА УЛИЦАТА „БОРИС САРАФОВ“

Следна статија

КАРАКАЧАНОВ: АКО СЕ СРАМИТЕ ОД БОРИС САРАФОВ, НИЕ ОД ВМРО ЌЕ ГО ОТКУПИМЕ НЕГОВИОТ СПОМЕНИК

Најново од Ваш став