За поврзаноста на Габрово со текстилот и современата уметност
Габрово е познато како лулка на секуларното образование. Не случајно градот е наречен „бугарскиот Манчестер“. Тоа е местото каде што се случува индустријализацијата во Бугарија, и едно од клучните места за првото машинско производство, како и развојот на текстилната индустрија и кожа.
Вака се сеќава културниот истражувач Маргарита Доровска во „Домот на музите“. Таа додава дека Габрово е место каде што има „жива сцена“ и не е само место каде што се прикажуваат нештата, туку и место каде што се создава уметност.
Маргарита Доровска е клучна фигура во изградбата на Центарот „Христо и Жан-Клод“ во Габрово и покрај тоа што идејата се родила во 90-тите години на ХХ век.
Христо Јавашев е роден и израснат во Габрово. Во 1926 година неговиот татко кој е хемичар, дошол во градот да работи во фабриката за текстил „Принцот Кирил“. Тој детството го поминува покрај платното и казаните со хемикалии за обработка на материјалите. Затоа во основата на делата на Кристо е платното.
Поради оваа поврзаност центарот „Христо и Жан-Клод“ е сместен во зградата на стариот Технички колеџ за текстил, создаден во 40-тите години за да и служи на градската текстилна индустрија, посочува Доровска.
Целта на Центарот „Христо и Жан-Клод“ во Габрово е публиката да биде што е можно поблиску до проектите на двајцата светски познати уметници и од таму кон современата уметност воопшто.
„За 30-годишна транзиција, немаме простори за современа уметност, особено на визуелното поле“, вели таа.
Минатата година почнавме со „интервенции во урбаната средина“. Едно дело што остана оттогаш се вика „Пристап“, кое се наоѓа на фасадата на Центарот. Делото се состои од повеќе делови и се наоѓа на повеќе места, почнувајќи од надворешното сервисно скалило кое останува на едната страна од објектот. Со трансформирање на скалите преку уметничка интервенција се обновува и јавниот пристап до историјата и иднината на една зграда. Инсталацијата е во интеракција со архитектурата и обемот на зградата, суптилно доловувајќи ја нејзината силуета и продолжувајќи ги скалите долж покривот на зградата, на блиската бетонска напуштена структура и во коритото на реката Јантра. Ова го вели и Маргарита Доровска.
Центарот „Кристо и Жан-Клод“ се придружува на фестивалот „Реките на градот“ како логичен партнер и придонесува со својата мисија да ја поддржи уметноста и нејзината моќ да трансформира простори. Јавните уметнички инсталации на бугарските уметници Александар Влчев и Добрин Атанасов се дел од настанот.
Една од најобемните инсталации на овогодинешното издание на фестивалот е „мостот на мислата“, кој уметникот Александар Влчев го изработи од брановиден картон.
Импресиониран од проектот за облагородување на урбаната средина околу реката Јантра, тој одлучи да го изгради нивниот мост, иако чисто симболичен. Уметникот со години работи со брановиден картон како материјал, поради што овој материјал е искористен за изградба на столбовите на овој мост. Чисто ментално, секој може да гради следејќи ги столбовите на мостот.
„Целта на модерната уметност не е да прикажува. Дури и со пронајдокот на фотографијата, оваа улога на уметноста веќе не е водечка, бидејќи ако сакаме да репродуцираме нешто што го гледаме можеме да го направиме тоа многу полесно и побрзо со телефонот“, вели Александар Влчев.
Фото: БНР

