| |

ЧАВУШОГЛУ: ТУРЦИЈА МОЖЕ ДА ИМ ЗАБРАНИ НА САД ДА ГИ КОРИСТАТ БАЗИТЕ

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу посочи дека на Соединетите Држави може да им се забрани да користат две стратешки воздушни бази во Турција како одговор на евентуалните санкции на САД против неговата земја, јави државната агенција „Анадолија“.

Коментарот на Чавушоглу уследи по извештаите дека американските пратеници се согласиле за законот за одбрана, во кој се вклучени повици за санкционирање на Турција поради нејзината одлука да продолжи со купување и распоредување на руските системи за ракетна одбрана С-400, пренесе АП.

„Во случај на одлука за санкционирање на Турција, воздушните бази Инџирлик и Куреџик може да се најдат на дневен ред“, рече Чавушоглу.

Извор: Макфакс



Слични Објави