| |

Жители на грчко село планираат да ги испраќаат децата во градинка во Бугарија

Жители на грчкото село Тригоно, во областа Еврос, имаат намера да ги испраќаат своите деца во детска градинка во Бугарија поради недостиг на таква установа во нивното место на живеење, јавува БНР.

Веќе две години властите им ветуваат на родителите изградба на ново училишно заведение, но без резултат. Во селото има 12 деца на предучилишна возраст, кои во моментов мора секој работен ден да патуваат околу 40 километри во еден правец до градот Орестијада.

Десет семејства бараат можност децата да посетуваат бугарска градинка и предупредуваат дека ќе го напуштат регионот доколку проблемот не се реши. Во случајот се вклучија и пратеници, кои го обвинуваат Министерството за образование за одложувањето, спротивно на декларираната политика за оживување на овој регион.

Слични Објави