|

Одбележуваме 70 години од смртта на познатиот новинар, писател и припадник на ВМРО Крсто Велјанов

На 9-ти октомври 1954 г. во Софија умира КРСТО ЛИМАНОВ ВЕЛЈАНОВ, виден журналист, писател и револувионер на ВМРО.

Роден е на 6-ти септември 1895 година во Крушево Учел во Бугарската трговска гимназија во Солун. Во 1913 г. новите грчки власти ги затворат Бугарските училишта во Солун, а татко му Димитар Велјанов е затворен и заточен на островот Трикери. Крсто бега во слободна Бугарија, каде што го довршува образованието во Свиштов. За време на Првата светска војна Велјанов е учител и секретар на околиското управување во родниот град од 1915-1918 г. По војната се населува во Софија, каде што учи во универзитетот. Во 1919 г. заедно со Иван Михајлов и Јордан Чкатров го основат Македонското студентско друштво „Вардар“. Во 1923 г. станва главен редактор на веникот „Устрем“. Потоа работи неколку години како адвокат. Од 1926 г. е во редакцијата на весникот „Македонија“. Учествува на Седмиот конгрес на ВМРО во 1928 г. Од 1935-1941 г. е редактор на весникот „Днес“. Во 1942 г. станува редактор на битолскиот весник „Пелистерско ехо“. По комунистичкиот преврат во 1944 г. е осуден од т.н. Народен суд.

Крсто Велјанов се занимава со преводувачка дејност. Публикува статии и раскази во „Пелистерско ехо“, „Родина“, „Зора“, „Устрем“, „Днес“, „Македонија“, „Вардар“, „Отец Паисиј“, „Литературен глас“. Остава многу неиздадени ракописи со раскази и романи. Автор е на книгите „В бури. Македонски разкази“, „Војните на цар Симеон. Страници от најбурното и светло царување во бугарската историја. 893 – 927“, „Денешната политичка постановка на македонското прашање“, „Седенка. Битова картина“, „Илинден 1903. Запис за Ослободителната епопеја на Македонија и Одринско“.

“Во редицата востанија за ослободувањето на Бугарскиот народ, Илинденското востание во Македонија и Одринско безспорно зазема прво место по пројавена моќ на духот, по бројот на востаниците и по размерот на дадените жртви.

Илинденското востание има значење на обштонародна револуција. Тоа не успеа, но остана во историјата на Бугарскиот народ како велик симбол на обединетата заедничка волја за слобода.

Секој народен бунт се развива согласно некаков скриен свој закон, кој што нема ништо обшто со здравиот смисол на практичниот човек и со моќниот инстинкт за самозапазување. Многу пред Илинден, народот беше подготвен за востание и револуционерните водачи работат упорно, настојчиво за решителниот ден.

Никој од раководителите на Илинденското востание не сметал, дека побунетиот народ ќе може сам да се справи со организираната сила на вековната турска империја. Но народот на Македонија и Одринско не мислел за тоа. Тој со воодушевување и полна готовност се одзвал на позивот за востание. А, од друга страна Бугарските селани и граѓани, кои го составувале мнозинството од тој народ, имале семејства и имот и при тогашните услови сепак живеат поднослив живот.“

ИЛИНДЕН 1903 – ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ЕПОПЕЈА НА МАКЕДОНИЈА И ОДРИНСКО



Слични Објави