| |

Одбележуваме 101 година од смртта на големиот револуционер и учител Павел Христов

На 6 јуни 1922 г. во Софија од туберколоза умира големиот револуционер, учител и државник ПАВЕЛ ХРИСТОВ. Роден е во с. Цапари, Битолско, во 1874 г. Завршил педагошко училиште во Лом и учителствувал во Прилеп, Кичево, Костур и Битола. Во редовите на ВМОРО влегол во 1895 г. Од 1898-1901 г. е раководител на Костурскиот револуционерен реон. Во 1901 година е уапсен од турската власт и одлежал 3 години во Корчанскиот затвор. По Илинденското востание е избран за раководител на Битолскиот окружен револуционерен округ. На Рилскиот конгрес во 1905 г. е делегат од Битолскиот округ, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 г. е избран за член на Централниот Комитет. По Младотурската револуција од 1908 г. е егзархиски инспектор во Битолските училишта. Во декември 1909 г. е уапсен по аферата со убиството на Ј. Јованович, за по два месеци да е ослободен. Во 1910-1911 г. е задграничен претставник на ВМОРО во Софија. Во Балканските војни води чета во Битолско во Македоно-одринското ополчение на Бугарската армија. Во 1913 г. П. Христо е назначен за главен Бугарски учител во Албанија. Тој е еден од основните организатори и раководители на Охридско-дебарското востание против србските окупатори. Влегува во раководството на Бугарското привремено управување. За време на Првата светска војна Павел Христов заедно со Петар Чаулев е начело на голема чета која го ослободува Крушево од србската армија. Во 1915-1918 г. е окружен финансиски и окружен Бугарски управник на Битола. По војната е на страна на левицата. Во 1921 г. заминува во Албанија, заедно со А. Протогеров, како претставник на Македонската федеративна организација, каде склучува договор со албанските револуционери, на чело со Х. Б. Приштина, за заедничка борба против српската власт во Македонија.

“Париската конференција, која наредува и продолжува и после три години да наредува судбините на народите после светската катастрофа, ја игнорира правдата при решавањето на македонското прашање и наместо да го слушне гласот на учени патеписци и познавачи на Балканот, или да направи референдум за волјата на народот согласно 14-те точки на Вилсон, ја остави Македонија под робство на Срби и Грци, така што заедно со тоа создаде почва за нови борби и усложнување на полуостровот. Србските и грчките власти се свртија да ја денационализираат Македонија, служејќи се со крути мерки, како убиства, апсења, изгинување на учители, свештеници и сите други побудни Бугари. Владите на Србија и Грција жестоко се мамат, како што мислат дека така ќе го претопат македонското население; тоа помина четврт век во револуционерна борба за извојување на својата слобода. Секое село, град, поле, планина, изгорени куќи, безкрсни гробови се неми свидетели за блиското наше славно минато. Народ кој дал скапоцени жртви како Груев, Делчев, Тошев, Сарафов, Гарванов, Сандански, Апостол, Развигоров, Узунов и илјада други, достоен е да даде и нови, кога се газе неговата слобода. Македонскиот Бугарин е мирољубив по природа и се надева, дека ќе се отстрани теророт над него, а заедно со тоа, како што кажавме погоре, и бацилот на меѓуособните борби, кои можат да произлезат во иднина. Нека србскиот и грчкиот народи погледнат потрезвено на делата на нивните влади, затоа што народната поговорка кажува: “не се гаси тоа, што не гасне“!



Слични Објави