| |

Главен експерт во бугарското МНР: РС Македонија бара голема количина на струја на многу ниска цена, бараме начин како да помогнеме, без да ги прекршиме европските регулативи

РСМ испрати барање до Бугарија да обезбеди поголема количина струја по цена која е многу пониска од пазарната. Ова го изјави Желјазко Радуков, главен експерт на МНР во Директоратот „Југоисточна Европа“.

Радуков потсети дека РСМ не е дел од ЕУ, но во исто време прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.

„Ова е ситуација која им овозможува на нашите соседи да ги игнорираат сопствените регулаторни механизми во областа на енергетиката“, објасни тој и додаде дека за среќа Бугарија е во ЕУ и не се наоѓа во ситуацијата на РСМ.

„Поради оваа причина, тешко ни е да им помогнеме на нашите соседи токму онака како што тие сакаат, бидејќи ќе мора да ги прекршиме европските регулативи и прифатените регулаторни рамки што постојат“, посочи Радуков и додаде дека во моментов сите напори се насочени кон тоа да се најде начин, како да ѝ се помогне на PCM. Како што вели главниот експерт на МНР за Југоисточна Европа по тоа прашање се водат разговори на највисоко можно ниво во Европската комисија.

Слични Објави