(Галериja)Денот на независноста на Бугарија одблежан во БКИЦ во центарот на Скопје
Денот на независноста на Бугарија, 22 септември, синоќа беше одбележан во Бугарскиот културно-информативен центар (БКЦ) во Скопје. По повод празникот кратки обраќања имаа директорката на БКИЦ во Скопје, Антонија Велева и амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов.
Централен дел од прославата беше отворањето на новата учебна година во бугарското неделно училиште „Здравеј“. Учениците од училиштето подготвија празнична програма со песни и рецитирање стихотворби. Во еден момент сите присутни во салата ја запеаја химната на Република Бугарија.
Прославата заврши со пригоден коктел во отворениот простор на центарот. На настанот присуствуваа огромен број Бугари од Република Македонија и пријатели на Бугарија. БКИЦ сега се наоѓа на нова локација во центарот на Скопје на улица Никола Вапцаров бр.6.