БУГАРИЈА ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА ХРАБРОСТА И ПРАЗНИКОТ НА СВОЈАТА ВОЈСКА

/

По повод Денот на храброста во Софија имаше свечена церемонија, на која учествуваа и претседателот и врховен командант на вооружените сили на Бугарија Румен Радев.

Демонстрациите на воздухопловните способности на небото над Софија започнаа со лет на хеликоптер „Кугар” со бугарско национално знаме.

Оваа година, денешната церемонија беше пред Споменикот на непознатиот војник во Софија, со што се комбинираа двете свечености – осветувањето на борбените знамиња и армијата и свечената поворка.

Во честитка на Фејсбук, бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов и го честиташе празникот на бугарската армија и истакна дека треба да продолжи модернизацијата и подобрувањето на условите за работа во армијата.



– На 6 мај го славиме и Денот на храброста, но храброста мора да има конструктивна цел, бидејќи битките мора да бидат добра кауза, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претходна статија

МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ АРХИВ ЌЕ ОБЈАВАТ ЗАЕДНИЧКА ЗБИРКА НА ДОКУМЕНТИ МЕЃУ КОИ И 33 ОРИГИНАЛНИ ПИСМА ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Следна статија

МАЕСТРО Х. ХРИСТОВ ОД БУГАРИЈА ЌЕ ГО ДИРИГИРА КОНЦЕРТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ПОСВЕТЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Најново од Вести