ПРЕМИЕРОТ НА ИТАЛИЈА ГО ПОСОЧИ ОДГОВОРНИОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ЏЕНОВА

Вести Истакнато Свет

Одговорноста за безбедноста на мостот, кој се урна во Џенова, ја има Autostrade per l’Italia, која работи на оддржување и обсужување на автопати низ цела Италија, изјави премиерот на земјата Џузепе Конте.

Според зборовите на политичарот, оваа компанија одговара за безбедноста на конструкцијата согласно договор, кој тие го имаат склучено со државата. Сега, со неговото поништување ќе се занимава судот.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Италија Данило Тонинели изјави дека мостот се урнал, бидејќи бил лошо оддржуван. Притоа, тој ја отфрли верзијата дека уривањето настанало поради неодамнешните обновувања и работи на патот.