Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ викендов на политички саем ќе дадат отчет за сработеното

/

ВМРО-ДПМНЕ викендов во „Холидеј Ин“ ќе реализира отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победиле на последните локални избори, информираат од партијата.

Отчетот ќе трае два дена и замислен е како политички саем каде секој од градоначалниците ќе го презентира сработеното во својата општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот кој инаку за прв пат го организира било која политичка партија е „Саем на промените што носат иднина”.

-Ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица други теми. Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата информираат дека освен на главната бина случувања ќе се одвиваат и на шест други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во сабота ќе го има воведниот говор, а потоа следи интерактивниот дел.

-ВМРО ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза. Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Во Израел анкетите укажуваат на изборна победа на Нетанјаху

Следна статија

Државната министерка за Европа на германската покраина Хесен во посета на земјава

Најново од Вести