ЉУБОВ

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Ако сакаме да привлечеме љубов најпрво мора да дадеме, бидејќи само љубовта со љубов се враќа. Ние луѓето не можеме животот да го поминеме без воздух, вода, љубов…
Љубовта можеме да ја најдеме во многу форми, но љубовта е извор на екстатичност на душата кон боженството; љубов меѓу мајка и дете, двајца пријатели, љубовници, партнери и сл.
Но како да привлечеме љубов во нашиот живот?
Често низ општеството гледаме луѓе кои не можат да најдат љубов меѓу луѓето и својата љубов им ја посветуваат на некој миленик, бидејки во ваква или онаква форма љубовта мора да постои во сечиј живот.
Сепак ,тоа што ние ја сакаме љубовта не значи дека секогаш и ќе ја добиеме. Најпрво мора да дадеме љубов-и само тогаш ќе ја добиеме назад и за да дадеме љубов треба најпрво да се сакаме самите себеси.
Постојат многу начини на докажување на љубовта и секој еден од нас на различен начин ја толкува: некои сакаат да ја допрат и почувствуваат, да чујат убав збор, да се покажат на дело со
подароци….
Најдобар начин да добиете љубов е да ја дадете на начин на кој сакате да ви се врати за самите себе, бидете личност која е полна со љубов.  Ако сакате да бидете сакани време е да почнете да ги сакате луѓето.

Афирмација на љубовта
Зошто афирмација? Затоа што тогаш испраќаме порака до нашиот несвесен ум и на целиот универзум.
Само преку афирмација можеме да го потврдиме она што го сакаме а не она што не го сакаме.
Универзумот и несвесниот ум тогаш ќе почнат да работат за нас и ќе ни го доближат онаа за кое се стремиме. И нека секое следно што доаѓа ќе биде придружувано од љубовта.
Секојдневието исполнете си го со многу љубов, работите кои ги правите работете ги со љубов, сѐ што правите правете го со голема љубов ,нема како универзумот да не ви врати со љубов.
Со текот на времето вие ќе бидете личност полна со љубов и ќе привлечете сѐ повеке луѓе во вашиот живот полни со љубов.
Бидете личност полна со љубов и нема како сѐ да не биде во ред, имајте срце кое е отворено и зрачи со љубов,создајте долготрајни односи кои само со љубов ќе ги одржувате. Гледајте се со очите на љубовта и сакајте сѐ  што гледате.
Запомнете бидете луѓе кои даваат но и заслужуваат љубов, благодарете и на секоја една љубов која ја примате секојдневно без оглед од каде доаѓа. Секогаш испраѓајте љубов кон оние кои ги сакате како и на оние кои не знаат што е љубов, не бидете себични научете ги да сакаат и исполнете им ги срцата со
љубов . Покажете им што е љубов… Прифаќањето на недостатоците на другиот и живеењето во неговото лудило е ЉУБОВ и само со давање можеме и да очекуваме љубов.

Автор: Фросина Китановска