ДЕНЕСКА ПОЧИНА АРЕТА ФРЕНКЛИН – АМЕРИКАНСКАТА СОУЛ ИКОНА

Вести Истакнато Култура Свет

Арета Френклин, една од најголемите пејачки на нашето време, значајна фигура во современата американска музика и историја, почина денеска изутрина во нејзиниот дом во Детроит, Мичиген. Таа имаше 76 години. Веста беше потврдена од  Associated Press. Френклин почина по долго боледување од рак на панкреас.

Френклин беше уште попозната како „кралицата на соулот“, во текот на петдецениската кариера продаде повеќе од 75 милиони плочи, освои 18 Греми награди и стана првата жена што ќе биде примена во Rock & Roll Hall of Fame.