ВМРО: МИЦКОСКИ ГОСТИН НА ТУРНИРОТ ВО ВЕЛГОШТИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.ПЕТКА

//

По повод празникот Св.Петка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на турнир во охридското село Велгошти кој се организира секоја година за празникот.

Посетата на Велгошти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи и да запали свеќа во манастирот „Св.Петка“ во чии рамки се наоѓа и собата каде војводата Христо Узунов ја формирал првата чета во Охрид.

Со Мицкоски, во посета на Велгошти, беа и членот на ИК на партијата од Охрид Кирил Пецаков, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, Илија Арнаудовски и Тони Менкиноски, претседател на партиската правна комисија, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО.





Претходна статија

WALK FREE: ВО МАКЕДОНИЈА 18.000 ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО СОВРЕМЕНО РОПСТВО

Следна статија

ЈАКИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО КРИВИЧЕН СУД

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да