|

СДСМ: ПОКАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО Е ИСТОРИСКИ УСПЕХ, МАКЕДОНИЈА ОДИ НАПРЕД!

Остварен е уште еден историски успех на Македонија и нејзините граѓани. Република Македонија доби покана за влез во НАТО.

СДСМ им честита на сите граѓани. Заедно успевме. Вратите на Алијансата се отворени, обезбедено е местото на Македонија во НАТО, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се оставруваат децениските заложби на претходните и сегашните генерации, се обезбедува стабилноста, развојот и иднината на наредните генерации.

Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

После години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, македонскиот идентитет и иднина се обезедени. Македонија станува дел од семејството на кое му припаѓа.

Добар глас за нашата земја се шири низ демократскиот свет. Позитивните вести за Македонија се на насловните страници на светските медиуми и влијателните новинарски агенции.

Успехот на Македонија е препознаен и признаен, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Македонија оди напред!

Слични Објави