|

СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ ВО СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИЗНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД 500 ЕВРА

Во Словенија од денеска стапуваат во сила новите правила за финансиска помош за невработените лица, според кои, меѓу другото се зголемува паричниот надомест што ќе го добиваат оваа категорија граѓани.

Со новиот закон помошта се зголемува за 180 евра и од 350 евра, таа ќе изнесува 530 евра месечно. Според законските измени, сега странците кои имаат регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на Европската Унија, за да бидат впишани во регистарот на невработени лица ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик. Лицата пак кои се државјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.

Според Министерството за труд, главната цел на новиот закон е да се подобри социјалниот статус на граѓаните, кои не можат да најдат работа.

Слични Објави