ПОРАНЕШЕН НОВИНАР НА 1ТВ: СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ОД ВЕЛЕС РЕЧЕ ДЕКА СМЕ РЕКЕТАРИ
овинарот во поранешна 1ТВ, Христијан Баневски денеска пред судот сведочи дека добивал нарачки од Боки 13 да најавува истражувачки стории во централниот информативниот блок на 1ТВ, кои ниту биле започнати, ниту некогаш се реализирале, јавува 360 степени.
„Уште првиот месец ми рече да најавувам дека ќе вршиме испитување на флашираните води во земјава. Беше побарано повеќе пати да кажам дека ќе испратиме мостри на испитување. Мостри никогаш не испративме, а додека го најавував истражувањето пред мене стоеше шише вода од Пелистерка“,сведочи Баневски и вели дека новинарска пракса е истражувања да се најавуваат откако ќе бидат подготвени за емитување.
Втор случај кога Баневски се посомневал дека се работи за рекетирање, било кога Боки 13 побарал од него да направи сторија за фирма од Велес која работи во месна индустрија.
„Боки 13 ми го даде бројот на сопственикот и не се интересираше за развојот на приказната, туку само дали сопственикот бил уплашен. Прва реакција на сопственикот беше дека ние сме рекетари“, сведочи Баневски.

