ЛЕСНА ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, КОНТРОЛА И ДИСКРЕТНА! СИТЕ СЕ ИСТИ!

//

Мирјана, 32, мажена, невработена. Интереси: јавање коњ, пливање, читање книги…

Даниел, 38, бизнисмен. Интереси: спорт…
Даниел: „Здраво златна фала за прифатеното пријателство, многу ми е мило еве вака шо ме прифати… Мирјана, Мики злато зошто не ми пишуваш… Ама ти стварно ми се допаѓаш! Еј а знаеш ли како масирам, сигурен сум дека тебе ти треба една моја добра масажа… Еј Мицо дај ма една сликичка разубавими го денов, и знаеш… може да е поразголена…. Мицо ма зошто ме игнорираш? А сакаш ли да го „јаваш мојов коњ?!“ Ма што се праиш на недстапна а? Па после читала книги… Абе ај и јас со кого губам време! Мирјанче мила дај бе само еднаш да се опмнеме, многу сум дискретен, жими деца… Мики злато еве кажи од кај да те соберам ќе дојдам на крајот на светот ако треба… Еј ама ја претера! Секој ден не ќе те молам! Такви ко тебе шмизли на секој чекор! Ти ма не знаеш да живееш…“

Види мајката… Во што се претворивме? Он напиња му се ебе му се плаче, а таа, таа се чуди во која книга пишува за ова ментално растројство па да знае што да одговори… Не може да разбере кутрата… Зарем веќе дојде моментот кога не можеш да создадеш ново пријателство… Чисто, неизвалкано, искрено… Зар се почна да се сведува на ширење нозе?! Се чуди кутрата и не може да си објасни. А пишува мажена… Зарем ако се прифати понудата за пријателство значи и прифаќање на секс со тој човек?! И кое непочитување! МАЖЕНА! Тоа веќе не значи ЗАБРАНЕТА изгледа, туку напротив „ЛЕСНА ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, КОНТРОЛА И ДИСКРЕТНА“! Смешно е колку дркаџиите ја потценуваат интелегенцијата на жените… Е и не само на туѓите туку и на своите… Ох јаден… За една „слива“ во деца се колне… Си чита така Мица и се прашува: „Зарем и мојот… не не мојот не е таков! Културен е… Начитан… Јас сум неговата муза! Ма шанси нема!“ Отвара Мица кај сопругот на профил…



САШЕ, 37, БИЗНИСМЕН… ИНТЕРЕСИ: СПОРТ…

Aвтор: Плетенка



Претходна статија

МАЖИ

Следна статија

ШЕКЕРИНСКА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО 18 КОЛЕГИ ОД НАТО

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај