МАЖИ

Ретко кој во денешно време може да се нарече маж, во вистинска смисла на зборот, повеќето од нив се Дон Жуани или само така си замислиле во нивните глави не знам… Маж кој одговорно стои зад своите зборови и дела кој е посветен на саканата, кој и обрнува внимание и й го посветува своето време… Маж, покрај кој секоја жена колку и да е силна, се чувствува дека може да си дозволи да биде слаба, кревка, заштитена… Маж, покрај кој секоја жена ќе се чувствува како дама…

Но во денешно време или во модерното време мажите ја изгубија смислата за заведување, излегувања на вечера во романтична атмосфера, купување цвеќе на посакуваната жена, внимание и посветеност… Се ова се сведува на домашното воспитување или културата што ја носат од дома, или можеби едноставно се раѓаат такви… Кој да знае…

Како остварена девојка која поминала низ барабанот на живот остварена на многу страни, добро работно место, финансиски стабилна, сметки кои сама си ги плаќа, на мои години искрено сум била во неколку врски. Во сите од нив се чувствував поголем маж од нив. Ги опсипував со подароци, наместо тие мене, ги носев на вечери и патувања наместо тие мене, им ги плаќав сметките ги финансирав колку ми беа можностите наместо тие мене, им се посветував максимално наместо тие на мене… Какви се овие мажи дознав на крајот а и како да знам дека се тоа не било во ред… Човек додека не осети на сопствената кожа и не може да знае. Маж кој не може да си ја плати сметката која сам си ја направил и не е маж. Маж кој ја искористува жената како предмет за сопствените потреби а не и возвраќа со ништо може ли да се нарече маж?! Во ваквите ни М од МАЖ нема, но на крајот од денот паѓаат маските на сите. Глумци и Дон Жуани колку сакаш но маж кој не знае како да те изненади, како да ти го одземе вниманието и очите да го гледаат само него, без разлика дали сте одвоени со часови, денови или месеци да ти ги преокупира мислите и да ти остави убави моменти во главата, е ваквите за жал се многу ретки и веќе спаѓаат во вид во изумирање (со чест на исклучоците). Со овие мажиња доаѓа момент кога разбираш дека си го губиш само времето, нервите и парите и наместо ти да се лутиш тие се лути на тебе… Се сретнувате на улица вртат глава, не те познаваат, им ѕвониш да ги прашаш што е работата да не имаш нешто згрешено, не креваат телефон, одиш да ги видиш на работните места или каде и да се седнати во некој кафич бегаат…

Од што бегате драги мои Дон Жуани?! Имате ли уште некоја сметка која не ви ја имам подмирено?! Не можете да се јавите, да не ви го исклучиле телефонот? Па што не кажете кога ќе се сретнеме јас ќе го платам, зар еднаш сум го направила тоа… Да, да… ако сум должна на некого и јас би го избегнувала… Не бе мажиња јас би застанала и би се извинила како секој добро воспитан човек. Бидете бе храбри кажете што ви недостасува ќе помогнам и така од секогаш сум била поголем МАЖ од вас и тоа во вистинска смисла на зборот! Се она што вие не можевте да го направите за мене како мажи јас машки го направив за вас како жена… И не се каам, се што имав од вас во овие врски си платив поштено! Вие во моите очи секогаш ќе останете евтина шанса која јас сум можела да ја платам и од која школата ми останала гратис…

Иако многу ретко сепак постојат мажи во вистинска смисла на зборот…
Драги мои дами внимавајте со ваквите ДОН ЖУАНИ кои само тоа што мајка им ги родила како машки не им дава за право во никој случај да се нарекуваат МАЖИ. Правете разлика и внимавајте едно е да се нарекуваш маж а друго е да ја носиш одговорноста на еден вистински маж.

Автор: Фросина Китановска



Слични Објави