| |

Бугарија освои 6 медали од најпрестижниот натпревар по математика во светот

Бугарскиот национален тим по математика се враќа дома со шест медали од 66. Меѓународна олимпијада по математика, која оваа година се одржа во Австралија од 10 до 20 јули. Најголемата научна олимпијада во светот собра 630 ученици од 110 држави, а Бугарија се пласираше на 23-то место во светот.

Бугарските млади математичари освоија вкупно три сребрени и три бронзени медали. Сребро добија Ангел Христов, Андреј Стефанов и Веселин Маркович, додека со бронза се закитија Петко Лазаров, Георги Николов и Илија Василев. Националниот тим ќе пристигне во Бугарија во понеделник.

Меѓународната олимпијада по математика, основана во 1959 година во Романија, е најстарото натпреварување по природни науки во светот. Бугарија учествува на секое издание од самиот почеток. Со најновите шест медали од 2025 година, бугарските олимпијци досега имаат освоено вкупно 309 одличја: 57 златни, 130 сребрени и 122 бронзени.

Слични Објави