| |

(Фото) Во Охрид одржан четириесетдневниот помен на адвокатот Саво Коцарев

На Градските гробишта во Охрид вчера се одржа 40-ет дневниот помен на доајенот на адвокатурата во РС Македонија и поранешен титов затвореник Саво Коцарев.

На поменот присутни беа членови на неговото потесно семејство, негови пријатели и претставници на Генералното конзулство на Република Бугарија во Битола.

Саво Коцарев ќе остане во историјата како еден од последните претставници на борците за независна македонска држава, убеден демократ и голем непријател на титовизмот и сличните нему тоталитарни режими.

„Осуден бев за слобода на мислата, за разговор и изразена желба за самостојна Македонија, вон од границите на Југославија. Југославија, сеедно дали беше кралската на или титовата социјалистичка, за нас не беше слобода-таа беше ропство“, ќе изјави покојниот Коцарев во својот последен јавен настап од крајот на октомври минатата година, во видео снимено на настан организиран од организацијата на правници Iuridicaprima.

Слични Објави