| |

Германските нацистички власти ги депортираат Евреите од „новите земји“ во Треблинка*

Пишува: Доц. д-р Спас Ташев/Труд

И покрај тоа што изминале 79 години од најдраматичните случувања, поврзани со Евреите во Бугарија и администрираните од неа Вардарска Македонија и Беломорието, нивната судбина продолжува да биде линија на разделување во нашето општество. Од тој факт умешно се ползуваат одредени средини во Скопје, коишто го хулат образот на нашата земја како спасител.

Најновиот израз на тој однос е писмото коешто 50 организации го испратија до премиерот Кирил Петков. Тие сакаат да се извини за „депортацијата на 98% од македонската еврејска заедница од страна на тогашното царство Бугарија“. Потпирајќи се на отфрлениот од општеството т.нар. Народен суд, денешна Бугарија е обвинета дека „со промената на решенијата во 1996 година, произнесени од Народниот суд во 1945 година, намерно ја брише својата мрачна историја и по тој начин ја искривува вистината за Холокаустот“.

Повторно во дното на оваа кампања е Обединетата македонска дијаспора – организација, искористена од Скопје за лобирачка дејност во САД, која неодамна предизвика шум со иницијативата за „Месец на македоно-американското културно наследство“ која иницијатива е полна со фалсификации и кампањата против создадените уште во 1922 година Македонски патриотски организации, имено, зашто биле „пробугарски“. За да се разбере значењето на следнава кампања, треба да се има предвид, дека предметното писмо, освен до премиерот Петков е испратено и до државниот секретар на САД Антони Блинкен, Американската комисија за меѓународна религиозна слобода, Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други официјални институции.

Проблемот за судбината на македонските Евреи одамна е дискутиран меѓу бугарската еврејска заедница во Израел и МПО, уште кога првите контакти се во 1957 година. Издаваниот во Тел Авив весник „Фар – Трибуна“ во својот број од 4 ноември 1962 година публикува опширен материјал за одржаниот во септември истата година 41-ви конгрес на МПО. Се одбележува „неговото масовно посетување од македонските Бугари во Северна Америка. Со илјадници Бугари од Македонија, кои живеат низ сите држави на Америка и Канада и претставувајќи ги сите околии на нивната распарчена првоначална Татковина, се беа собрале во Бафало. Пламениот патриотизам на македонскиот Бугарин е добро познат“. Исклучително важна е констатацијата на израелскиот весник, дека во однос на Македонија, Хрватска и Словенија „случувањата од 1941 година потврдиле дека Југославија е една вештачка творба“.

Органот на МПО в. „Македонска Трибуна“ исто дава осврт за израелското издание „Фар – Трибуна“. Во 1962 година се потцртува, дека тој „е независен информативен весник, издаван на бугарски јазик… Излегува секојдневно во 12 страници, а еднаш месечно во 30 страници. Распространет е особено многу меѓу Евреите, коишто ги напуштија Бугарија и Македонија и се населија во својата прататковина Израел“.

Во тоа време нема директни обвиненија кон Бугарија за трагичната судбина на македонските Евреи во 1943 година. Во 1961 година израелскиот весник „Фар – Трибуна“ е меѓу првите, којшто ги објавува фактите за случајот против нацистичкиот воен злосторник Адолф Ајхман. Цитирајќи ги зборовите на Ајхман, дека „цар Борис III не спречи да ги убиеме бугарските Евреи“, изданието објавува, дека „неговите сведоштва за улогата на цар Борис III го рехабилитираа бугарскиот владетел“.

Но, сепак во 1967 година е направен првиот обид за изопачување на настаните. Тогаш во Франкфурт на Мајна започнува судскиот процес против поранешниот нацистички амбасадор во Софија Адолф Бекерле, којшто е обвинет за убиството на над 11 илјади Евреи од „новите земји“. Во ЦК на БКП се растревожени, дека во обвинителниот акт „има редица моменти, коишто не се во интерес на нашата земја“, од којшто најважниот е дека „спасувањето на Евреите во Бугарија се припишува на цар Борис“. Во истиот документ се кажува, дека „тоа не смее во никаков случај да се допушти“, а да се наложи мислењето, дека „спасувањето на Евреите во Бугарија… е резултат од борбата на БКП и бугарскиот народ против фашизмот“.

Така, не некој друг, туку комунистичка Бугарија прва започнува да ги фалсификува фактите околу спасувањето на бугарските Евреи и депортирањето од „новите земји“. Целта е да се разобличи политиката на цар Борис и да се „докаже“ негова вина. За целта на процесот против Бекерле во 1967 година е испратена документарна лента од транспортирањето на беломорските Евреи кон Лом. Експертиза во 2021 година сепак утврди, дека вагоните не соодветствуваат на бугарскиот стандард, а натписот „БДЖ“ врз нив е ставен дополнително на самите кадри. Има информација и за други, уште пострашни документни фалсификации!

Стоп кадар од документарна лента што го прикажува транспортирањето на егејските Евреи во Лом со дополнителен додадениот натпис „БДЖ“.

Така постепено започнуваат да се премолчуваат важни факти како овој, дека во април 1941 година Југославија ја потпишува својата капитулација пред Германија и Берлин станува врховен постојан владетел на нејзината територија. Имено во ова својство „новите земји“ се предвидени за администрирање од Бугарија, но врховната власт останува во германски раце. Во нив останува и југословенскиот државен имот, поради коешто стопанството во овие територии е приопштено кон Рајхот. Дури и часовното време е изедначено со тоа во Германија, а не со Бугарија. Освен тоа „новите земји“ се военооперативна и единствената комуникациска зона по ЖП линијата Белград – Солун со германската администрација во Грција. Преку неа непрекинато се транзитираат германски војски, оружје и стоки. Функционираат и германски команди, коишто се мешаат во работата на бугарската администрација. Германија јасно кажува, дека во никаков случај не може да се говори за територијални промени пред крајот на војната, поради коешто не разрешува во „новите земји“ да се дава бугарско поданство. И покрај тоа, кога такво е дадено само на Бугарите, германската команда „Зуд – Ост“ протестира и настојува наредбата за поданство да биде отфрлена. Што се однесува до месните Евреи, уште на 4 декември 1941 година Германија објавува, дека тие како поданици на победената од неа држава паѓаат „под силата на… 11-та одредба на царскиот граѓански закон“.

Тоа ги предодредува настаните во 1943 година, кога Германија како врховен постојан владетел ги сака Евреите како југословенски и грчки поданици. Нацистите ја преземаат контролата над Евреите на железничката станица во Скопје и пристаништето Лом, од каде што сами извршуваат депортација со 3 германски возови и со 3 српски и 1 австриски параходи.

Денес може да се спори дали бугарската администрација можела да не ги предава месните Евреи. Сепак германските војски биле во Македонија и документи на Абвер покажуваат дека уште во 1943 година при евентуално бугарско противење, Германија била спремна да употреби воена сила против Бугарија и да објави „независност“ на Македонија. Неколку дни пред депортацијата, дополнително во Скопје се префрлени германски воени трупи од Сталинград.

За сето тоа цар Борис си дава сметка и затоа преку поранешниот началник на својата канцеларија Георги Косеиванов води тајни преговори со САД за иселување на Евреите кон Палестина. Идејата за спасување на 60.000 – 70.000 Евреи од Бугарија е соопштена на 27 март 1943 година во Белиот дом од американскиот претседател Рузвелт и државниот секретар Кордел Хал на британскиот надворешен министер Антони Идн. Сепак, против иницијативата „да се извадат сите Евреи од земја како Бугарија“ Идн приговара со аргуменот дека „ако го направиме тоа, тогаш Евреите од цел свет ќе сакаат да направиме слични обиди во Полска и Германија“.

При таква положба Бугарија не можела да има полезен потфат, но таа категорично не ги депортирала Евреите од „новите земји“ кон германските логори на смртта. Денес тагуваме за оние повеќе од 11000 Евреи, кои се наоѓале под бугарска граѓанска администрација во „новите земји“, коишто се депортирани од германските нацистички власти и убиени во лагерот на смртта Треблинка.

*Насловот е на редакцијата

Слични Објави