| |

Георгиев- Калас: Членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ според сопствените заслуги

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан треба да се засноваат на сопствените заслуги на земјите кандидати. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугариja Георг Георгиев во својот прв разговор со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас, пренесе БГНЕС.

За време на разговорот, бугарскиот прв дипломат ја уверил Калас дека Бугарија ги поддржува нејзините напори за одржување на единството и градењето консензус во рамките на ЕУ, особено во позадина на актуелните геополитички предизвици. Во овој контекст, Георгиев ја истакнал и посветеноста на Бугарија за обединета и здрава Европска унија, која треба да ја гарантира безбедноста и просперитетот на нејзините граѓани, особено во светло на тековните конфликти во Украина и на Блискиот Исток.

Тој накратко ја запозна Калас со приоритетите на Бугарија во областа на заедничката надворешна политика и безбедносната политика на ЕУ за претстојниот институционален циклус. Акцент беше ставен на поддршката за проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан, по принципот на сопствените заслуги на земјите кандидати; Поддршка за безбедноста во Црното Море како стратешки важен регион за заедничката европска безбедност; Поддршката на Бугарија за Украина, како и фокусот на хуманитарните проблеми на Блискиот исток и хуманитарната криза во Газа.

Министерот Георгиев и Калас се обединија околу клучната улога што Бугарија ја има како членка на ЕУ во градењето на мирот и безбедноста во Европа и одржувањето на основните принципи на единство и консензус на Унијата.



Слични Објави