| |

ФОТО: ЗОКИ КИЧЕЕЦ Е БУГАРИН, ДАЛИ БОРИСОВ ЌЕ ГО СПАСИ И НЕГО?

Како што стана јасно познатиот бизнисмен и второобвинет во случајот „Рекет“, Зоран Милески- Зоки Кичеец, поседува луксузен џип Мерцедес G-class со бугарски таблички. Тоа автоматски значи дека и Милески е бугарски државјанин.

Би било добро јавноста да дознае дали Владата во Бугарија и лично премиерот Борисов ќе се потрудат да му помогнат и на овој бугарски државјанин, како што се заложија за предложениот за почесен конзул Јордан Камчев.

Потсетуваме дека и во моментот одреден број поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се под ударите на СЈО исто така се бугарски државјани. Дали и како ќе им помогне Борисов ќе покаже развојот на настаните.

Дали последните случувања не се организиран напад на Владата на Зоран Заев, врз елитата на Бугарите во Македонија, и покрај фактот што власта во Македонија ја нарекува Бугарија своја наблиска и пријателска земја на Балканот, останува да видиме.

Сето ова ќе беше интересно ако не е смешно и тажно истовремено.

Слични Објави