|

ВО ТУРЦИЈА СЕ ПАЛАТ КНИГИ ПОВРЗАНИ СО ДВИЖЕЊЕТО НА ФЕТУЛА ЃУЛЕН

Повеќе од 300.000 книги се уништени во турски училишта и библиотеки во изминатите три години по обидот за пуч во летото 2016 година. Книгите биле уништени со спалување, според турскиот весник „Хуриет“, од пишаниот медиум објавиле и фотографии од нивното уништување.

Министерката за образование Зија Селчук рече дека 301.878 книги биле уништени за време на владината иницијатива за искоренување на сѐ што е поврзано со забранетото движење Ѓулен, предводено од од самиот Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организатор на пучот во 2016 г.

Ѓулен е во егзил во САД, а Турција повеќе пати побара од Вашингтон негова екстрадиција.

Слични Објави