КРИВИЧЕН: НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ТОМОР МОРИНА ВО СРБИЈА
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје донесе одлука дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тoмор Морина во Србија.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата“, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.