| |

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТРАНСПОРТ НА ЗЕМЈАТА СИНОЌА БИЛ ВО ЗАСТОЈ ПОВЕЌЕ ОД 4 СААТИ ЗАРАДИ ПАДНАТА ТОПОЛА НА ПРУГАТА

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Скопје синоќа беше 4,5 часа во прекин поради падната топола на пругата. Сообраќајот бил во прекин од 18,30 часот до 23 часот, а тополата ја сечече граѓани и таа наместо кон реката Вардар паднала на пругата, јавува Лидер.

Според првичните сознанија од МЖ направена била штета на контактна високонапонска мрежа од 25 000 KW и штети на пругата што треба да ги утврди комисија на МЖ.

Поради тоа од Скопје не можел да тргне патничкиот воз кон Битола, а во Железничката станица во Велес стоеле два воза од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје, а во застој биле и товарните возови од Гевгелија за Табановце и од Табановце за Гевгелија, информираат од МЖ.



Слични Објави