ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КОМЕНТИРААТ ДЕКА ЗА ЗАДУШНИЦА Е НАЈДОВРО ДА СЕ ВОВЕДАТ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

//

Комисијата за заразни болести денеска има и втор вонреден состанок, по зголемените бројки на заразени од корона вирус изминативе неколку дена, на кој присуствува и министерот Венко Филипче и претставници од МВР.

Од Комисијата за „Фокус“ неофицијално коментираат дека е најдобро за Духовден да се воведат рестриктивни мерки, во деловите кои се жаришта, бидејќи постои опасност вирусот неконтролирано да се шири.

Најдоцна до утре се очекува Владата да донесе и одлука дали ќе има полициски час за претстојниот викенд кога е и Задушница.





Претходна статија

ОФИЦИЈАЛНО: НОВИ 101 СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Следна статија

ЌЕ ДОБИЕ ЛИ ВАРДАР ГАЗДА ОД БУГАРИЈА?

Најново од Вести