ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ВАКЦИНИ ВО ФЕВРУАРИ

Дозите вакцини од производителот „Фајзер“ за нашата земја се веќе резервирани, а првите од нив се очекува да пристигнат во државата во февруари, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во истиот период вакцини се очекува да пристигнат и преку системот „ковакс“.

loading...

Министерот објасни и зошто дозите коишто се очекуваше да ги добиеме преку механизмот на Европската комисија за солидарност, не се пристигнати.

„Можно е Австрија, Бугарија, Полска и Грција да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат зошто тоа до сега не беше направено е проблемот во количината којашто ја добиле. Значајно помала, некаде 1/10 од планираната за нивните земји“, рече Филипче.


loading...